Лука Циндриќ е вистинско откритие на светското ракометно првенство. Тој е најдобар стрелец на својата репрезентација и еден од најзаслужните за пласманот на Хрватска во полуфиналето. На последните два елиминациски натпревари беше втор најдобар стрелец во составот предводен од Жељко Бабиќ. Неговиот гол против Египет се најде во ТОП-5 најдобри голови во осминафиналната рунда.