Дојде денот за дерби во Македонската кугларска лига, помеѓу нашиот Вардар и тимот кој е шампион речеси деценија и пол Кк Макпетрол. На програмата беше 5-то коло во МКЛ, а мечот се одигра на наш домашен терен во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“, со почеток во 11-00 часот .
Избранците на Драги Димитровски денес пропуштија шанса да го “фрли на колена“ шампионот на Македонија во Куглање, тие не искористија предност од 4-0 и одиграа само реми со Макпетрол. Вардарци нападнаа први за победа и поведовме со 2-0 по првиот пар, Дане Јакимовски имаше 622 и Миле Димковски 591 “соборени дрва“. Вардарци додадоа “гас“ и зголемија во следниот пар на 4-0 дуото Бојан Влаќевски – Димитровски Димитар дојде на сцена првиот имаше 607 а вториот 636 “соборени дрва“, имавме огромна предност од 156 “дрва“ предност. Црвено-црните играа брилијантно доминираа целосно на мечот им остануваше само да го финишираат мечот со победа, но шампионот се издигна од пепелот и се врати во мечот со фуриозен втор дел кога изедначи на 4-4 и извади реми. Вардарци за само 5 “соборени дрва“ не издвојуваа победа. Сепак Вардар е есенски шампион на Македонија, со исти скор во бодови со Кк Макпетрол.