Денес во спортскиот ракометен центар Кале се одиграа натпревари од “Јуниор“ лигата во машка конкуренција. Победи забележаа екипите на Рк Урдаревски генер. 2002/03 и Рк Илинден генер. 2000/01.
Рк Урдаревски Вардар беа подобри од екипата на Академија1, кои имаа фуриозен старт од шетс последователни голови за водство од 0:6. Академија 1 почна да игра подобро, но доволно само да намали на 3:7. До крајот на првото полувреме, Урдаревски ја задржа оваа предност и на полувреме се замина со резултат 4:10.
По само пет минути игра во вториот дел, Рк Урдаревски го врати своето најголемо водство од шест голови разлика 6:12, а во следниот напад да зголемат и на 6:13. Во наредните неколку минути Академија 1 возвраќа со серија од 3:0, за намалување на 9:13. Сепак до крајот на мечот, Урдаревски ја запечатува својата добра игра со три последователни голови. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 9:16.
Во истава сала се одигра и натпреварот помеѓу екипите на Рк Илинден и Рк Академија 2. Екипата на Илинден на крајот излезе како победник, со резултат 21:18. Во ниту еден момент Илинден не му дозволи на противникот поосетливо да го загрози нивното водство. Веќе по 10 минути игра имаа предност од 5:2 и 8:4. На полувреме резултатот гласеше 9:5.
Вториот дел започна со голови на Академија1 за намалување на резултатот од 9:7. До средината на второто полувреме, Рк Илинден ја враќа својата најголема предност 17:12. Единствено што успеаа до крајот да стори тимот на Академија 1 е да ја намали негативата.