Со дуелот помеѓу екипите на Рк Ново Лисиче-Вардар и Опш. Кисела Вода-Вардар генерација родени 2002/03 година започнаа натпреварите во женска конкуренција, во рамките на Јуниор лигата. Сите мечеви од женскиот дел, беа одиграни во малата сала во С.Ц.Јане Сандански. Вториот меч на програмата беше помеѓу Рк Филип Вардар и Академија 2, во генерација родени 2000/01 година.
Заслужена победа за Рк Ново Лисиче, кои во текот на целиот натпревар имаа постојано водство. Предноста уште на стартот од 4:1, како да го најави текот на овој натпревар, иако на моменти противникот ја намуваше негативата. При резултат 6:4, следи серија на Рк Ново Лисиче од 3:0, за најголема предност во тие моменти од 9:4. До крајот на првиот дел заминаа со поголема позитива, 11:5 по истекот на првите 20 минути.
Одличен старт за Опш. Кисела Вода на самиот старт на вториот дел, кога успеаа со три последователни голови да намалат на 11:8. Сепак тоа е се што успеаа да сторат на овој натпревар, бидјќи со иста серија врати и Рк Ново Лисиче за нови највисоки шест голови позитива. Последните минути беа само рутина и одработување на победничкиот тим. Конечниот резултат гласеше 16:10.
Во еден израмнет натпревар Рк Филип-Вардар успеаа на крајот да излезе како победник, во дуелот со Академија 2. Првата поосетна разлика е при водство од 5:3 за екипата на Рк Филип-Вардар. Во последната минута од првото полувреме, Академија2 најпрво го израмни резултатот на 7:7, а во следниот напад Филип-Вардар постигна гол за предност од 8:7 по првиот дел.
Комплетен резултатски прсврт во вториот дел, Академија 2 успева на два наврати да има водство од 8:10 и 9:11. Ова водство го одржуваа се до последните седум минути, кога при резултат 12:13, екипата на Рк Филип-Вардар успева со три последователни погодоци да поведе со 15:13 и да ја зачува оваа предност до самиот крај. Конечниот резултат гласеше 17:14.