Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Бисинов забележа две победи во еден ден, Рк Бутел со подобро второ полувреме го победи Рк Илинден
Рк Бисинов забележа две победи во еден ден, Рк Бутел со подобро второ полувреме го победи Рк Илинден

Рк Бисинов забележа две победи во еден ден, Рк Бутел со подобро второ полувреме го победи Рк Илинден

Екипата на Рк Бисинов во еден ден одигра два натпревари забележа победи. Најпрво во заостанат дуел беа подобри од екипата на Рк Урдаревски. Во вториот меч беа поуспешни од тимот на Академија 1.

Нова одлична партија за оваа екипа, која успеаа да ја надигра и Академија1. Во текот на целиот натпревар имаа водство и на крајот сосема заслужено се радуваа на победата. Предноста на стартот од 5:2 им овозможи полесно да го контролираат натпреварот. Како течеше првото полувреме, Рк Бисинов ја зголемуваше разликата, за на полувреме да замине со резултат 12:6.

Второто полувреме се играше некако гол за гол на двете страни, Академија 1 се обидуваше со подобра игра да се приближи на водството на својот противник. Тоа не се случи, бидејќи Рк Бисинов на шест минути пред крајот имаше убедливи 15:8. До крајот дојде до мало отпуштање, што им овозможи на Академија 1 да го завршат мечот со достојна негатива од 18:15.

Екипата на Рк Илинден генерација родени 2002/03 беа поразени во дуелот со екипата на Рк Бутел. На овој натпревар имавме можност да гледаме две различни полувремиња. Првото му припадна на Рк Илинден, додека во второто доминираше екипата на Рк Бутел. После почетното водство од 4:0, никој можеби не веруваше дека Рк Илинден ќе го загуби натпреварот. Имаа постојана предност во текот на првите 20 минути, иако како одминуваше времето Рк Бутел се повеќе ја топеше нивната позитива.

Во второто полувреме при резултат 14:13 за Рк Илинден, противникот успева со серија од 0:3 да го сврти резултатот и за прв пат да поведе на овој меч. Ова како да им даде “крилја“ на Рк Бутел, кои го контролираа резултатот до крајот. На пет минути пред крајот имаа водство од највисоки 16:19. Рк Илинден немаше сили да се врати во мечот, па мораше да се помири со овој пораз. Конечниот резултат гласеше 20:21.