Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Почина тренерот на кугларскиот тим Вардар, Драги Димитровски
Почина тренерот на кугларскиот тим Вардар, Драги Димитровски

Почина тренерот на кугларскиот тим Вардар, Драги Димитровски

Вчера по кратко боледување, го напушти овој свет и се пресели во вечноста тренерот на кугларскиот клуб Вардар, Драги Димитровски. Неговиот погреб е закажан за утре, четврток 30.јануари. Својот живот му го посвети на овој “мал спорт“ со голема душа.

Истиот беше од најуспешните и најдолготрајните кугларски тренери во Македонското куглање. Активен уште од самото основање на македонската кугларска лига, кога беше играч и тренер на актуелниот многукратен шампион Макпетрол, еден од најзаслужните што овој клуб денес е она што е. Во својата кариера тренер бил на Работнички од кој создаде генерација која денес го држи главниот збор во мак-куглањето. Димовски во својата кариера бил и на челото на  македонската сениорска и јуниорска репрезентација.

w31-660x330-660x330

По овој долг пат Драги  на залезот на својата кариера реши да биде тренер на Вардар,  каде му даде основи на тимот, тој успеа да го стабилизира и да го насочи кон врвот во МКЛ. Покрај тоа, создаде нова плејада млади куглари, кој ги менторираше.

Вечен помен, чичко Драги!