Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар во сабота против Шкупи на дуелот за 3.место во лигата
КК Вардар во сабота против Шкупи на дуелот за 3.место во лигата

КК Вардар во сабота против Шкупи на дуелот за 3.место во лигата

Во 2.лига познати се двата тима кои преку победите во полуфиналните серии обезбедија место во Првата лига, екипите на Чаир 2010 и Струмица. Остануваат само дуелите за распоред на табелата.

КК Вардар кој беше совладан од тимот на Чаир ќе учествува  на натпреварот за 3то место, на истиот  ќе се соочи со тимот на КК Шкупи од Скопје. Познат е терминот на одигрување, натпреварот ќе се игра задутре, сабота (21.мај,2022) во Спортскиот центар „Кале“ во Скопје.  Оваа средба ќе започне со одигрување во 16-00 часот.