Од утре, петок па се до вторник во женската кадетска група-А, каде што настапува тимот на Платон и Папуџиева ќе се одигаат натпреварите од предпоследното, 9-то коло.
Девојките на ЖРК Вардар во оваа рунда се гости, ние ќе играме натпревар во градот Куманово кај истоимената женска кадетска екипа. Дуелот во салата „Перо Наков“ во Куманово е закажан за на 24.мај, вторник. Вардарки влегуваат како фавоит и на оваа средба, ние по 8.одиграни кола имаме максимални 24.бода и сме веќе пласитани на завршниот Ф-4 турнир во оваа возрасна категорија.