Најмладите пионери на кошаркарскиот клуб Вардар, генерација родени 2007 и помали се шампиони на Македонија. Тие го совладаа во големото финале тимот на Водно Санс.
На мечот кој се играше во малата сала при СЦ “Кале„ во Скопје црвено-црните момци во супер интересен дуел ги совладаа своите врсници. Цела сезона нашата екипа го заврши без ниеден пораз и заслужено стана првак. Момците на Александар Асаданов победија со 60-55.
Покрај колективното злато ние го имавме и најкорисниот играч на Ф-4 завршницата. МВП е вардарецот Доријан Ивановски-Дори, честитки до него и целиот тим за перфектната сезона.