Во рамки на 13.коло во кугларницата “Мусандра“, црвено-црниот кугларски колектив ја пречека екипата на ЖКК ГТЦ Мусандра. Во меч во кој ние бевме фавориот дојдовме до победа со резултат 6-2 (3147-2824, 18-6)
Саша Јанковиќ, на овој дуел остави посебен впечаток е тоа што прв пат сезонава еден наш куглар ја мина границата „600ка“, инспиративен и квалитетен настап имаше Јанковиќ кој дојде до бројката 601, нормално тоа беше прв скор на целиот дуел. Одигра на високо ниво, успеваше да има одлични бројки сет по сет се до конечните 601, што е за секоја пофалба. Тоа беше валоризирано и при составувањето на топ-6 листата на најдобри резултати ова коло, нашиот куглар се најде убедливо на првата позиција.
Во идеалниот тим Јанковиќ е лидер со 601, на втората позиција е Младен Донковски од Макепетрол, поранешниот играч на црвено-црните има соборено 28 „дрва“ помалку, треттата позиција е резервирана за Менсур Ајдин (ГТЦ ) со со резултат 561. На листата следат „пумпашите“ Трпковски и Блажевски, последен е Манев од ГТЦ Мусандра.