Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Саша Јанковиќ „блесна“ и собори 601 „дрво“, совладан тимот на ЖКК ГТЦ

Куглање: Саша Јанковиќ „блесна“ и собори 601 „дрво“, совладан тимот на ЖКК ГТЦ

sasha

Вчера во рамки на 13.коло во кугларницата “Мусандра“, црвено-црниот кугларски колектив ја пречека екипата на ЖКК ГТЦ Мусандра. Во меч во кој ние бевме фавориот дојдовме до победа со резултат 6-2. Соборивме 3147 “дрва“ ,а ЖКК ГТЦ имаше 2824, вардрци дојдоа  18 сета наспроти 6 на ривалот. 

За Вардар поенираа: Марјан Згонц, Мартин Митиќ, Зоран Ристиќ и Саша Јанковиќ. Она што остави посебен впечаток е тоа што првпат сезонава еден наш куглар ја мина границата „600ка“, инспиративен и квалитетен настап имаше Јанковиќ кој дојде до бројката 601, нормално тоа беше прв скор на целиот дуел. Тој го прикажа целиот свој раскошен талент, одигра на високо ниво што е за секоја пофалба.

Втор скор имаше исто така овосезонското засилување Зоран Ристиќ тој собори 542 „дрва“. До крајот на МКЛ останува за доигрување уште едно, последното коло од оваа сезона 2019/2020 по што следат мечевите од Купот на Република Македонија во Куглање.