Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Сениорките заминаа за Германија, во составот се вардарките: Деловска, Петрушевска и Пејковска
Сениорките заминаа за Германија, во составот се  вардарките: Деловска, Петрушевска и Пејковска

Сениорките заминаа за Германија, во составот се вардарките: Деловска, Петрушевска и Пејковска

Нашата женска сениорска репрезентација рано утринава замина за Нердлинген, Германија каде утре ќе го одигра првиот натпревар од „првиот прозорец“ од циклусот на квалификации за Европското првенство 2021.

Селекторот  на Македонија, Владимир Ѓоровиќ заедно со својот асистент Срѓан Дамњановски одбраа дванаесет кошаркарки кои ќе ги бранат националните бои. Дел од оваа селекција се и три црвено-црни девојки, капитенот на ЖКК Вардар, Деловска потоа Петрушевска и Пејковска.

Натпреварот е закажан за 14. ноември (четврток) со почеток во 19:00 часот. Истиот ќе може да се следи во живо на YouTube каналот на ФИБА.