Листата на најдобри стрелци во Лигата на Шампионите ја предводи играч кој настапува за македонски клуб. Се работи за украинецот Владислав Остроушко од Еурофарм Работник кој има 47 постигнати голови, со кои се наоѓа на врвот.
Во ТОП-20 се наоѓаат и тројца играчи на Вардар. Најблиску до врвот е Тимур Дибиров кој ја завзема 9.позиција со вкупно 37 постигнати голови. На делба на 19.позиција се наоѓаат неколку ракометари, меѓу нив се и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Иван Чупиќ и Даинис Кристопанс кои после 7.одиграни кола имаат по 33 постигнати голови.