Девојките од женскиот ракометен клуб Вардар во рамки 11.коло од Супер лигата ќе бидат домаќини на екипата од Свети Николе, тимот на Овче Поле.
Дуелот со екипата од дното на табелата е закажан за во сабота (16/11/2019) со почеток во 17-30 часот. Вардарки се апсолутни фаворити на оваа средба. Ние сме на 3.место на табелата со 27.бода од одиграни девет мечеви. Ривалите од исто толку натпревари имаат само три бода и ја делат последната позиција на табелата со екипата на РК Кузман со кој имаат исто бодови и од кого беа совладани.
Натпреварот кој ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ ќе го судат Никола Пауновски и Оливер Спировски од Струга.