Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Црвенковска најдобар тренер, РК Вардар најдобар тим- доделени „13.Ноемвриските“ награди
(ФОТО) Црвенковска најдобар тренер, РК Вардар најдобар тим- доделени „13.Ноемвриските“ награди

(ФОТО) Црвенковска најдобар тренер, РК Вардар најдобар тим- доделени „13.Ноемвриските“ награди

Традицонално,  Сојузот на спортови на Град Скопје по повод  13 ноември, Денот на ослободување на Скопје, додели признанија. На листата на наградени со „13ноемвриската“ награда има еден вардаров колектив и еден вардаров тренер. 

Ракометнот клуб Вардар е прогласен за најдобара екипа во главниот град Скопје, црвено-црните оваа година повторно донесоа Европска титула. На плоштадот „Македонија“ илјадници фанови ги пречекаа ракометарите, повторно Скопје е градот во кој стои големиот пехар па сосема очекувана беше оваа награда.

75336295_1460407427448267_1957659884656787456_n

Билјана Црвенковска, првата дама која беше дел од машки тим во ракометната  Лига на Шампионите, првата девојка која се искачи на тронот во Келн доби признание. На нашата Биле и беше врачена „13 Ноемвриската“ награда за „најдобар тренер“. Таа повеќе од заслужено годинава  беше наградена, сруши многу митови, покажа дека квалитетот не познава родови граници, успешно успеа да ги помести границите и да дојде на тронот  во машкиот сегмент од ЕХФ ЛШ, честитки Црвенковска.