Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, во рамките на 7.коло од СЕХА-лигата гостува екипата на Мотор Запорожје. Ова ќе биде трет меѓусебен дуел сезонава со овој противник, откако претходно одигравме по еден меч во ова натпреварување и во СЕХА-лигата. По еден дуел им припадна на двете екипи, а вечерашниот натпревар ќе биде прв во Скопје. И двете екипи нема да бидат комплетни, но од таборот на Мотор Запорожје веруваат дека можат да го изненадат Вардар. Тие ги искажаа и своите очекувања за вечерашниот натпревар.
-Ќе дојдеме во Скопје со подмладен состав, но и покрај тоа ќе се обидеме да го добиеме мечот. Мора да го намалиме бројот на грешки доколку сакаме да го изненадиме Вардар и да го подигнеме нивото на игра. Се надевам дека секој од играчите ќе даде се од себе, па ќе видиме каков тек ќе има натпреварот, изјави Сергеј Серенко тренерот на Мотор.
-Веќе имавме можност да играме со Вардар и тоа два пати сезонава. Успеавме да ги победиме во СЕХА-лигата, но го загубивме мечот во Лигата на Шампионите. Ќе се обидеме да се одмаздиме и покрај тоа што доаѓаме со подмладен состав, истакна Едуард Кравченко, еден од противничките ракометари.
Вечерашниот дуел својот старт ќе го има од 20:15 часот.