Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота се домаќини на Победа од Прилеп
Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота се домаќини на Победа од Прилеп

Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота се домаќини на Победа од Прилеп

Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота на теренот на Академијата ќе го одиграат 10.коло во младинските лиги, додека колото за кадетите и младинците е одложено поради настап на репрезентацијата до 19 години на квалификациски турнир кој од денес стартува во Скопје.

Пионерските екипи се домаќини на екипата на Победа од Прилеп. Со ова коло започнува вториот круг на натпреварување. Со истиов противник ја отворивме новата сезона, кога со двете екипи славевме на гостувањето во Прилеп. Помладите пионери беа убедливи и победија со резултат 0:3, додека вардаровите пионери славеа со резултат 0:2. Победа беше и наш противник во рамките на 1/4 финалето од Купот, која ја елиминиравме со триумфи и на двата меча.

Помладите пионери на Вардар се лидери на табелата со 21 освоен бод, додека екипата на Победа има само 11 бодови, но и натпревар помалку за одигрување, оној одложениот против екипата на Работнички. Пионерите на Вардар ќе се обидат да се вратат на победите во лигата, откако во минатото коло на домашен терен го загубија дербито од екипата на Акад.Пандев, пораз после кој паднаа на второто место на табелата со еден бод заостанување од струмичкиот тим. Во пионерската лига, тимот на Победа на осум одиграни натпревари собра 10 бодови.

Мечевите во сабота ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.