Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преглед 5.коло! Момците на Зенга безпрекорни, КЛ7 „киксна“ па Вардар е на плус четири
Преглед 5.коло! Момците на Зенга безпрекорни, КЛ7 „киксна“ па Вардар е на плус четири

Преглед 5.коло! Момците на Зенга безпрекорни, КЛ7 „киксна“ па Вардар е на плус четири

По пауза од две недели, продолжи изминатиот викенд пионерската машка лига, во неа црвено-црните избраници на Зоран Петковски-Зенга продолжија со истите „навики“. Доминацијата им е постојана, во петтото коло дојдоа до петта победа. Тие го имаат најдобриот напад со 153 постигнати гола односно во просек 30,60 погодоци по одигран дуел, најдобрата одбрана е нормално наша. Вардарци примија само 54 гола досега или им дозволуваат на ривалите само 10,80 голови по одигран дуел.

Вардарци  во ова 5.коло го пречекаа тимот кој е „фенерџија“ во групата-3, тие на домашен терен во Јане Сандански со 41.гол повеќе ја совладаа екипата на Ринија, поточно со резултат 46-5  (20-2). Тимовите кој се зад нас почнуваат полека да заостануваат, екипата која  не „бркаше“ за врвот екипата на РК КЛ7 Лазаров на домашен терен одигра реми па ни дозволи да се одлепиме, треттот тим на табелата Металург-2 дојде до гостинска победа. Ова се резултатите по ова петто коло:

*РК ВАРДАР -РК Риниа М 46:05

 * РК Македонија ЃП – РК Металург 2  17:26

* РК Бутел Скопје -РК Шампион 27:19

* РК Рисови -РК Алушовски 09:28

 * РК КЛ 7 Лазаров -РК Аеродром 13:13

На табелата веќе по половина есенски дел се издеференциравме како лидери со максимални 15.бода, по киксот дома тимот на РК КЛ 7 Лазаров веќе „доцни“ четири бода и има 11 на позицијата број два, третта е екипата на Металург со 10.бода. Повеќе од јасно е дека со оваа тенденција ние ќе бидеме лидери на табелата во есенскиот дел. Бидејќи кај момците се три групи за разлика од кај пионерките сигурен Ф-4 има само лидерот, затоа атакуваме на таа позиција уште од првото коло. Табелата изгледа вака:

76702318_543635716459278_6917243042948710400_n