Денес започна со одигрување женската младинска лига, во 1.коло тимот на Чаир беше „формално„ домаќин во Јане Сандански на ЖРК Вардар. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев лесно се справија со ривалот и победија со 20-48 (12:26).
Тргнавме жестоко во одбраната, на централниот дел беше Ивана Џатевска која ги одвраќаше ривалите. По 5.минути игра со трите гола на Седлоска, двата на Џатевска и по една одбрана на Трајкоска Јована и погодок на Галевска Марија водевме со високи 0-6. Ривалот на резултат 1-7 потоа побара минута одмор, со цел да го прекине нашиот налет. Ние со две одбрани на Трајкоска, наградени со голови на Миновска Сара и Седлоска Андреа поведовме со 1-9. Конечно противникот успеа да се разбуди, и влезе во ритам намалија чаирчанки на 5-12 во 15.минута. Вториот дел од ова прво полувреме ни припадна целосно, ние погодивме 14 пати наспроти седумте гола на ривалот, односно одговаравме со двојна мерка. На одмор заминавме со предност 12-26. Ристова изротира одлично, и повторно доби на ритам по намалувањето на седум гола, 5-12.
Вториот дел од мечот го започнавме со одбрана на нововлезената Илиќ Андреа, тоа во напад го награди капитенот Бојана Диневска. Првпат поведовме со 15 гола, откако нашето крило погоди за 12-27. Во вториот дел започнавме со свежи сили, во игра влегоа Илиќ,Костовска, Николиќ, Диневска, Гоцевска и Трпевска. Ние ја контролиравме играта по 10.минути поведовме со 13-31, целосно се беше во нашите раце на оваа прва младинска средба. Ја минавме и границата од дваесет гола повеќе при резултат, 15-35 со голот на Трпевска Ивона, а капитенот Бојана Диневска погоди потоа за нависоки 21 плус, 15-36. Се до крајот беше формалност, ние дојдовме до победа со резултат 20-48 кој гo поставијa со головите по последните 30.секуниди нашиот пикер Катерина Дамјановска и Седлоска.
Илиќ одбрани 10 удара, Трајкоска 7 на оваа средба. Седлоска погоди 11 пати, 8 гола беа дело на капитенот Диневска, а Јаковчевска стрелаше во 4 наврата.