Мала промена трпи распоредот на ПМФЛ. Како што дознаваме, наместо во четврток (21.11.19), дуелот со тимот од Чаир ќе биде одигран три дена подоцна, односно на (24.11.19) недела, од 13.00 часот на Градски.
Ова е добра вест, бидејќи овој важен натпревар нема да се одигра одма по репрезентативните настапи, туку неколку дена подоцна.
Вардар во овој момент е на првата позиција, а го очекува многу тежок распоред до крајот на есенскиот дел. Затоа, секој натпревар до крајот, Вардарци треба да добијат голема поддршка за што е можно поголема разлика пред зимската пауза која доаѓа за бргу.