Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 7коло! Пионерките суверено на врвот, со победа во следниот меч ќе дојдеме до „есенска круна“
Преглед 7коло! Пионерките суверено на врвот, со победа во следниот меч ќе дојдеме до „есенска круна“

Преглед 7коло! Пионерките суверено на врвот, со победа во следниот меч ќе дојдеме до „есенска круна“

По одиграни седум кола во пионерската група-1 каде што се натпреварува ЖРК Вардар ние сме лидери со максимални 21.бод. Во ова коло избраничките на Платнон и Папуџиева лесно ја совладавме екипата на РК Драчево во меч во кој со комбиниран тим и половина сили дојдовме до победа со резултат 29-3.

a2

Покрај нас до победи дојде и тимот на РК Аеродром, екипа која е зад нас. Тие во дербито за втората позиција, во еден меч со многу борба и малце погодоци   триумфираа кај екипата на РК Делчево како гости со резултат 11-14 (4-3). Ова се постигнатите резултати во ова седмо коло:

*РК КЛ 7 Лазаров – РК Алушовски 18:24

* ЖРК Куманово – РК Велкова 5 16:19

* РК Делчево Вардар – РК Аеродром 11:14

ЖРК ВАРДАР – РК Драчево 29:03

ЖРК Металург -РК Ѓорче Петров  17:10

На табелата сме на позицијата број еден, зад нас на минус три бода е Аеродром (18.бода) тоа е единствен тим кој може да не загрози. Во следното коло играме дерби со нив со евентуална победа ќе бидеме на шест бода повеќе и подобар меѓусебен дуел, па на коло до крајот ќе бидеме „Есенски шампионки“. Теоретски и со реми ќе бидеме во иста позиција, ќе имаме три бода повеќе на коло до крај реми меѓусебен исход и поради подобрата гола разлика наш ќе биде врвот. Ние го имаме најдобриот напад со 193 постигнати погодоци (27,60 погодоци по одигран меч), нормално и најдобрата одбрана со 79.примени гола (11,30 гола примени во просек). Вака изгледа табелата по овие седум кола.

a