Помладите кадети на Вардар се закитија со шампионската титула во возрасната категорија за кошаркари до 15 години откако во финале на завршниот турнир беа подобри од врсниците од Водно Санс Партизан со 78-86. Црвено-црните надежи го остварија следниот резултат 18-26, 26-21, 20-17 и 14-22 по делници.
За најкорисен играч (MVP) е прогласен кошаркарот на Вардар, Марко Луканоски.
Честитки за црвено-црните момци од селекцијата М15 кои се прва млада екипа на Вардар во кошарката, но и во останатите спортови која доаѓа до пехар оваа сезона.