Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ф-4: „Лавици“ на мегдан со Стружанка, пласман обезбедија Металург и Деспина
Ф-4: „Лавици“ на мегдан со Стружанка, пласман обезбедија Металург и Деспина

Ф-4: „Лавици“ на мегдан со Стружанка, пласман обезбедија Металург и Деспина

Вчера, кадетките на ЖРК Вардар обезбедија пласман на завршниот Ф-4 турнир во кадетската лига. Ние настапувавме во групата-Г каде завршивме како лидери со максимални 9.бода. Победи остваривме на средбите со тимовите на: Јехона, Ѓорче Петров и Аеродром. 

Лидерот во нашата група според однапред познат распоред во полуфиналето на Ф-4 ќе игра со победникот од групата-А. Таму најдобар скор има екипата на Стружанка, која беше најдобар и се пласираше пред екипите на:  Пелистер, Феникс, Кале Кичево,  и РК САНИ. Според познавањата на квалитетот на екипите овој натпревар може да добие епитет „финале пред финалето“.

Покрај овие две екипи во  другото полуфинале од кадетскиот Ф-4, кој се игра во Прилеп за кој наскоро ќе му биде познат терминот на одигрување се тимовите на Металург и Деспина.