Вчера момците на Зоран Петковски-Зенга, кадетскиот тим на РК Вардар 1961 одигpаа два дуели од квалификацискиот турнир за пласман на кадетскиот Ф-4. Веќе по првиот и победата во дербито над Бутел прославивме пласмна. Втор натпревар кој го одигравме беше оној со Ѓорче Петров на кој дојдовме до висока победа за потврда на пласманот.
Вардарци отворија фуриозно, првиот дел мина во целосна доминација поведовме со неверојатни 16-0, противникот својот прв гол го постигна во пред последната минута од првиот период кога намали на 16-1. На одмор заминавме со 17-01, резултат кој се покажуваше како стојат силите на теренот. Вториот период од 20.минути кој беше чиста формалност повторно го добивме во наша корист. Победата на крај беше изразена со високи 19.гола односно со резултат 28-09.
Кадетите на Вардар на 4.мечеви остварија 3 победи и одиграа едно реми, со 10.бода беа најдобар тим. Видео од целиот тек на овој последен натпревар во групата може да погледнете тука.