Во кугларницата “Мусандра“ викендов се одвиваа квалификациите за Купот на Република Македонија во куглање. На овие третти по ред квалификации откако Вардар едноподруго учествува треттпат земавме учество и третти пат доминиравме, повеќе за ова може да прочитате тука, а воедно доминиравме и во топ-6 изборот за што може да се информирате овде. Пред почетокот на истите беа доделени медалите на Сениорите и Јуниорите на Вардар освоени во лигата. Момците на Драги Димитровски добија “сребро“ и во двете категории.
Кај сениорите завршивме зад КК Макпетрол што е посебен успех, тоа беше остварување на нашата цел да бидеме веднаш зад тимот со најголем буџет во овој спорт. Kај јуниорите (до 23 години) завршивме со исто бодови и победи колку и врсниците од КК Империал Тобако ТКС. Сепак заради “нијанси“ во постигнатите резултати тие беа првопласирани. Сепак големо е задоволството што за неколку месеци создадовме респектабилна јуниорска екипа пред се благодарение на трнерот Драги Димитровски. Во ова натпреварување зад нас заврши младиот состав на КК Макпетрол.