Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Среќен роденден претседателе на БК Вардар, проф.Љубиша Пешко
Среќен роденден претседателе на БК Вардар, проф.Љубиша Пешко

Среќен роденден претседателе на БК Вардар, проф.Љубиша Пешко

Денес својот роденден го прославува, Проф.Љубиша Пешко, претседателот на БК Вардар. Тој е роден  08.08.1968 , Скопје-Македонија. Бил репрезентативец на поранешна Југославија и Р.Македонија категорија до 74кг , учесник на повеќе Европски и Светски првенства.

Кариерата ја започнува кај Ристо Таков во БК Скопје , потоа Бојан Рангелов го презема во БК Вардар каде со 18 години станува сениорски репрезентативец под водство на Насе Насев. Во успешната боречка кариера ги брани боите на Спартак-Руен и Европскиот и Светскиот клубски првак Бучим-Јака. Успешно ги завршува студиите на Факултет за Физичка Култура во Скопје и работи како професионален тренер 1996 – 1999 во Спартак од Кочани , а потоа од 1999- 2003 во БК Вардар. Во 2004 заминува на постојан престој и работа во Стокхолм, каде активно работи во БК Huddinge и БК Botkyrka Wrestling Academ, каде што создава услови за развој на Македонските репрезентативци.

22

Она што не потикна да му го честитаме роденденот на овој голем човек е фактот што во 2013 гододина го регенерира БК ВАРДАР како шеф на стручниот штаб и главен спонзор на клубот, отвара клуб на Бојан Рангелов во родниот му крај Босилеград ( Србија ) со организирање на меѓународен боречки турнир.  Токму неговиот пулен Нуров освои Олимписка норма.Благодарение на борачите – репрезентативци на Проф. Љубиша Пешко , Р.Македонија постигнува победи и резултати на меѓународно ниво. На олимпијадата во Токио токму неговиот борач, вардарецот Нуров со обезбедена норма ја преставуваше Македонија, потоа нареди и дузина други успеси.

Председателе среќен роденден од редакцијата на Вардар фанс.