Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Христијан Вецески за посилен Вардар
Христијан Вецески за посилен Вардар

Христијан Вецески за посилен Вардар

ФК Вардар договори ново име пред стартот на новата сезона. Нов играч на ,,црвено – црните” e Христијан Вецески.

Се работи за млад фудбалер кој во минатото има настапувано за екипите на Работнички, Пелистер, Победа. Игра на позицијата централен дефанзивец, а може да одговори и како последен играч за врска.

Вецески нема да биде последното летно засилување за Вардар. Се очекува уште еден напаѓач да пристигне во редовите на тимот. Исто така очекуваме договори со Вардар да потпишат и Матеј Николов и Јорго Папули кои ги одработија подготовките во Охрид со тимот.

Вардар новата сезона ја отвара во сабота и тоа на ,,жешко” гостување во Чегране кај ФК Арсими.