Без победник заврши првиот од двата пријателски натпревар на фудбалските репрезентации на Романија и Македонија до 18 години.
Првиот натпревар кој се одигра во Букурешт, заврши со нерешен резултат 1:1. Македонија прва успеа да го отвори резултатот и тоа со погодокот на вардаровиот напаѓач, Никола Величковски, кој после една минута откако влезе во игра, успеа да го пронајде патот до мрежата на противникот и да донесе водство на Македонија од 0:1 во 65 минута од натпреварот. Домашната репрезентација успеа да израмни на 1:1 во 73 минута, после нафрлена топка од корнер.
Во стартниот состав на селекторот Тони Јакимовски за овој прв меч, се најде стоперот на Вардар, Марко Стојилевски, кој ги одигра сите 90 минути, додека Величковски и Серафимов влегоа во игра во вториот дел. Стојилевски ја носеше и капитенската лента.
Овие две репрезентации во текот на утрешниот ден ќе го одиграат и вториот контролен натпревар.