Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Утре стартуваат и одбојкарите на Вардар
Утре стартуваат и одбојкарите на Вардар

Утре стартуваат и одбојкарите на Вардар

Утре и официјално стартува новата сезона и во одбојкарска прва лига. По низата проблеми, конечно ќе започнат со настапи и одбојкарите на Вардар. Нашите одбојкари на воведниот натпревар ќе бидат домаќини на одбојкарите на УГД Студент. Овој натпревар ќе биде одигран утре со почеток во 20 часот и 30 минути во Спортскиот центар “Форца”.

Вардарци и оваа сезона ќе влезат со млад тим. Се очекува утре еден интересен и неизвесен натпревар, бидејќи и двете екипи се тука некаде по рангот на квалитет. Оваа сезона ќе има првата лига вкупно осум екипи,  титулата  ја брани ОК Шутова.