Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар гостува кај последнопласираниот тим во ПМФЛ
Вардар гостува кај последнопласираниот тим во ПМФЛ

Вардар гостува кај последнопласираниот тим во ПМФЛ

Утре на програмата е ново, 12 коло од првата македонска фудбалска лига. Во него, шампионот на Македонија, тимот на ФК Вардар гостува во Кочани кај тимот на Брегалница. По 12 одиграни рунди, “штипјани” се наоѓаат на последното место на првенствената табела со само осум освоени бодови, со биланс од една победа, пет нерешени и шест порази.

Во тимот на “сините” пред овој натпревар владее вистински хаос. Турскиот тренер Јесилова си замина од клубот непосредно пред овој натпревар заедно со своите соработници.  На утрешниот натпревар прв тренер на “штипјани” ќе биде Здравко Цветаноски. Исто така веќе постојан случај се и “тепачките” во тимот на Брегалница.

Од друга страна пак, Вардар добро ги познава играчите на Брегалница. Токму во нивниот тим има неколку играчи кои во минатото го носеа “црвено – црниот” дрес. “Најсвеж” кој премина токму од нашиот тим во Брегалница беше Матија Кобетиќ, кој утре ќе го брани голот на домаќинот. Очекуваме лесна победа на Вардар, и продолжување на победничкиот “од” кон титулата.

Последни пет пресметки на овие два тима:
27.08.16 Вардар – Брегалница 5:1
20.04.16 Вардар – Брегалница 2:1
08.03.16 Вардар – Брегалница 4:0
08.11.15 Вардар – Брегалница 3:1
29.08.15 Брегалница – Вардар 0:2