Денес својот 41-ви роденден го прославува Едуард Кокшаров, спортскиот директор на ракометните екипи на Вардар.
Во својата спортска биографија Кокшаров има настапувано за екипите на СКИФ Краснодар, Пивоварна Целје (Словенија) и Чеховски Медведи. Со екипата на Целје Пивоварна стана европски првак во ЛШ во 2004 година, а деветпати и првак на Словенија во периодот од 1999 до 2008 година.
На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000. Од оваа сезона ја обавува функцијата на спортски директор во ракометните екипи на Вардар.
Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план со екипите на РК И ЖРК Вардар.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЕДУАРД !