Вчера, Македонската кошаркарска федерација на свечена церемонија ги одбра најдобрите кошаркари, кошаркарки, екипи, судии за изминатата година. Вардаровиот тим доби две награди во женската кошарка.
Двојниот шампион, освојувачот на првенството и Купот на Македонија нашиот ЖКК Вардар е најдобра женска екипа во земјата за 2019 година. Најдобар тренер е прогласен нашиот кормилар, Жаклина Стојановска (Вардар). Таа успешно ги носеше девојките до двојната круна, оваа есен вардарки продолжија со истиот ритам па на пауза ќе заминат како есенски шампиони.