На полугодишната конференција на клубовите од Супер лигата договорени се термините за продолжение на првенството, како и за Куп натпреварите.
Борбата за титулата во домашното првенство почнува на 21 март кога треба да се одиграат првите мечеви од плеј-офот на најдобрите шест екипи. Вардар и Еурофарм Работник ќе се придружат на четирите најдобри екипи од регуларниот дел на Cуперлигата. Последното коло од плеј-офот планирано е да се одигра на 27 и 28 мај 2020 година. Во ист временски период треба да се одиграат и мечевите за опстанок, односно плеј-аут. Таму ќе игра Вардар јуниор, со тоа што се пренесуваат бодовите од мечевите со екипите што исто така ќе играат во плеј-офот.
Прво треба да се одиграат четирите останати кола од регуларниот дел на сезоната. Тие дуели се планирани за периодот од 29 февруари до 15 март 2020 година.