Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кизиќ одличен на голот, Македонија го победи Кувајт на првиот контролен натпревар
Кизиќ одличен на голот, Македонија го победи Кувајт на првиот контролен натпревар

Кизиќ одличен на голот, Македонија го победи Кувајт на првиот контролен натпревар

Македонската ракометна репрезентација го доби првиот контролен дуел против селекцијата на Кувајт, меч кој се одигра во Србија.

На овој натпреварот, селекторот Брестовац настапи со подмладен состав, но и покрај тоа издвојувавме победа против Кувајт, благодарение на одличниот вардаров голман, Марко Кизиќ кој го заврши мечот со двоцифрен број на одбранети удари. Противникот подобро го отвори мечот, кога имаше водство од 0:2 во почетните минути, но Македонија врати со серија од шест гола и ја превзеде предноста (6:2). И во последните десет минути од првото полувреме имавме позитива од пет гола, додека по истекот на првите 30 минути, Македонија беше во водство од 14:9.

Македонија имаше контрола на играта и во второто полувреме, во кое Кизиќ продолжи со одлично издание на нашиот гол. Стигнавме и до највисоки седум гола разлика (20:13). Намали во еден момент, Кувајт на четири гола, но момците на Брестовац се одлепија повторно на солидна разлика од шест гола. До крајот на мечот, противникот успеа само да го намали резултатот и да избори за достоен пораз. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 27:24 во корист на Македонија.

Од вардаровите играчи, Кизиќ запиша 13 одбрани, додека во листата на стрелци не се запишаа Димитриоски и Кукуловски. Утре од 19 часот, Македонија и Кувајт играат уште еден меч, а потоа репрезентативците на Македонија заминуваат за Букурешт каде ќе учествуваат на Трофеј „Карпати“ в сабота и в недела.