Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Хамикоев денес го чека голем и тежок предизвик на европските игри во Баку
БОРЕЊЕ! Хамикоев денес го чека голем и тежок предизвик на европските игри во Баку

БОРЕЊЕ! Хамикоев денес го чека голем и тежок предизвик на европските игри во Баку

Вчера во Азербеџанската престолнина Баку каде се одржуваат првите европски спортски игри нашиот вардарец и член на Македонската експедиција борачот Тимур Хамикоев го имаше своето мерење и ги дозна својте противници за овој силен предолимписки предизвик .

ТИМУР НА МЕРЕЊЕ !!!

ТИМУР НА МЕРЕЊЕ !!!

Хамикоев се натпреварува во категоријата до 85 килограми во грчко-римски стил . Тој го мина мерењето и доби еден навистина страшен и пеколен распоред за денешниот ден . Тој ќе се сретне со Ненад Зугај борач од Хрватска кој е освојувач на бронзениот медедал од Светското првенство . За ова борба шефот на стручниот штаб на црвено-црните професорот Пешко вели : Ќе се сретенем со еден исклучително силен и кондиционо издржлив противник , но како и секогаш идеме на победа во оваа борба .

vardarfans timur legitimiacija

Колкав е предизвикот утре за нашиот млад и надежен борач во грчко -римски стил кажува и тоа доколку го мине хрватскиот борач како следен противник е одличниот  Апс Еерик – Естонија. Професорот Пешко за вардарфанс.мк вели дека не чека пеколен ден  во обидот да се сретнемево полуфиналниот дуел  со екстра квалитетниот Давид Чакветадзе- Русија . Како редакција вардарфанс.мк која секогаш е со вардаровите борачи и другите членови на големот црвено-црно семејство му посакуваме многу успех на Тимур во денешните борби .