Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > (ФОТО)КОШАРКА! Вардар “жнее“ титули во младинските лиги, по М-20 и М-18 се Шампиони на Македонија
(ФОТО)КОШАРКА! Вардар “жнее“ титули во младинските лиги, по М-20 и М-18 се Шампиони на Македонија

(ФОТО)КОШАРКА! Вардар “жнее“ титули во младинските лиги, по М-20 и М-18 се Шампиони на Македонија

Како што веќе е познато Кошаркарскиот клуб Вардар неприкосновено е број еден школа во  младинска конкуренција, пред околу еден месец КК Вардар  се закити со  шампионската титула во првенството до 20 години. Тогаш младите кошаркарски надежи   по трет пат во финалната серија однесоа победа со нивниот  голем ривал Карпош Соколи. Вардарци  со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската круна, а од вчера на нив им се приклучија и црвено-црните момци од М-18.

g

Кошаркарите на Вардар до 18 годишна возраст се  шампиони на Македонија во М18 лигата во натпреварувачката сезона 2015/2016. Предводени од младиот тренер Ѓорѓи Кочов со низа од три победи го изненадија фаворитот МЗТ Скопје А и со 3-1 во победи го добија финалето на Плеј офот и ја освоија титулата во генерацијата М18.

g2

Решавачкиот третиот триумф во финалето на Плеј-офот младите кошаркари на Вардар го остварија на гостински терен во спортскиот центар Јане Сандански. Големината на титулата е уште позначајна затоа што токму  лидерот од регуларната сезона МЗТ Скопје беше поразен со 67-61. МЗТ М-18 во финалето  влегоа  со предност од 1-0 во победи поради трите победи над Вардар во регуларниот дел. Сепак   младите вардарци  избраници на Кочов во финалето го изненадија непоразениот МЗТ Скопје и заслужено стигнаа до шампионскиот трофеј со серија од три победи (56-65, 65-58 и 61-67).

q

фото:www.basketball.org.mk