Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > (ФОТО) Кадетите во финишот успеаа да погодат за минимална победа над пионерите
(ФОТО) Кадетите во финишот успеаа да погодат за минимална победа над пионерите

(ФОТО) Кадетите во финишот успеаа да погодат за минимална победа над пионерите

На теренот на Фудбалската Академијата на ФК  Вардар во текот на вчерашниот ден младинските категории на Вардар одиграа меѓусебни контролни натпревари. Помладите пионери беа поделени на две екипи, додека пионерите и кадетите спарингуваа меѓу себе. Истиве генерации требаше да одиграат пријателски мечеви со екипата на Брегалница од Штип, која не допатува во Скопје од оправдани причини.

1 2 3 4

Првото полуврме од 40 минути почна со водство на кадетите од 2-0 преку Дејан Стоименов и Ајран, веднаш потоа избраниците на Сашо Тодоровски изедначија на 2-2. Стрелците за пионерите беа во првиот дел:  Марко Ѓорѓиевски и Јакуп Бериша. До крајот на првиот дел избранците на Влатко Колев успеаа да го вратат водството со голот на Александар Трајчевски и со  резултат 3:2 се замина на одмор.

5 6

Вториот период почна со ново израмнување на помладите вардарци преку Ѓорѓиевски кој погоди за 3-3. Во финишот се влезе со резултат 4-4. Сепак повозрасните црвено-црни момци, кадетите со голот на  Христијан Стојчевски успеаа да однесат минимална победа од 5-4 на овој дуел. Поопширно за мечот може да прочитаате во нашиот извештај – ОВДЕ.

7 8 9 10 11