Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Сашо Тодоровски: Најзаслужни за двојната титула се децата, а наша цел е да создаваме играчи за првиот тим на ФК Вардар
Сашо Тодоровски: Најзаслужни за двојната титула се децата, а наша цел е да создаваме играчи за првиот тим на ФК Вардар
Сашо Тодоровски со пионерите освои “двојна круна“

Сашо Тодоровски: Најзаслужни за двојната титула се децата, а наша цел е да создаваме играчи за првиот тим на ФК Вардар

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се освојувачи на двојната круна за натпреварувачката сезона 2015/2016. Тие успеаа да ги обединат двата трофеи од првенството и купот и да станат најуспешната Вардарова генерација оваа сезона. Тренерот на екипата Сашо Тодоровски дојде на кормилото на оваа генерација во јануари минатата година, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, откако на клупата го наследи Туш Зефиќ. Речиси истава екипа минатата сезона успеаа да го освојат националниот куп, додека во лигата бевме вицешампиони со само еден бод помалку од екипата на Шкупи, која беше наш најголем конкурент за трофејот и оваа сезона. Имавме можност да поразговараме со тренерот Тодоровски, или популарниот Рап-Тап, кој бележи добри резултати и игри со пионерите на Вардар.

-Генерацијата родени “2000“ година ја водам 1.5 година. Ги преземав во месец јануари минатата година, одигравме шест месеци заедно, каде го освоиме купот, а во првенството не успеавме. Разликата е очигледна, во споредба со минатата година, каде многу сме подобри и поквалитетни. Децата почнаа да сфаќаат некои работи кои ги бара фудбалската игра. Во тој поглед многу сме многу подобрени а резултатите се очигледни. Го освоивме првенството оваа сезона, без оглед што таа разлика на крај беше само еден бод повеќе од Шкупи. Се работи за деца кои имаат многу осцилации во играта и се доста променливи. Проблеми се и лошите терени низ државава каде играме на гостински терен. Вештачката трева ни е многу голема предност и кога играме на таков терен не постои екипа во Македонија која може да не совлада.

По завршување на есенскиот дел бевме на второто место на табелата, со еден бод заостанување зад екипата на Шкупи. Во тој дел од сезоната доживеавме два порази и еден нерешен резултат, додека во пролетниот дел имавме импресивни игри, посебно после првото пролетно каде бевме поразени од екипата на Работнички. Следеше неверојатна серија за црвено-црните од девет победи и еден нерешен резултат, по што заслужено се радувавме на освоената титула.

-Во текот на есенскиот дел доживевма два порази, едниот во Ренова на многу лош терен. Другиот беше против екипата на Шкендија на домашен терен. На тој меч бевме многу поднамоќни, но една грешка го реши победникот на тој дуел. Реков ова се деца кои имаат промени во играта и мораме со нив да бидеме трпеливи. За разлика од есенскиот, во пролетниот дел имавме подобри резултати со исклучок на оној прв меч против Работнички, на кој имавме предност од 1:2 и од добиен дуел дозволивме да се опуштиме и да го загубиме тој натпревар. Пораз кој многу болеше кој дојде на самиот старт на пролетниот дел. Од тој меч тргнавме во голема офанизива и со девет победи и еден нерешен резултат сосема заслужено ја освоивме титулата, шампион на Македонија во пионерската лига.

За да ја потврдиме доминацијата во оваа категорија го освоивме и купот. Во полуфиналниот двомеч за противник го имавме Металург, кој високо го поразивме на неговиот терен на Железарница, со убедливи 0:4 со што си обезбедивме финале. Таму уште еден добар натпревар за Вардаровите пионери во дуелот со Милано (3:1) и нов куп-трофеј за тренерот Тодоровски. Екипата во пролетниот дел доби големо засилување во името на Битиќи, кој се најде во составот на Македонската репрезентација до 16 години.

-Одигравме и полуфинални мечеви во купот на Македонија против екипата на Металург. На домашен терен одигравме без голови 0:0, додека на Железарница го покажавме својот квалитет, триумфиравме убедливо со 0:4 и сосема заслужено се најдовме во финалето на националниот куп. Таму во големото финале ја победивме екипата на Милано и на тој начин го освоивме купот. Најзаслужни за двојната титула се децата кои за разлика од почетокот кога ги преземав многу напредуваа и се усовршја во фудбалската игра. Мора да напоменам дека во зимскиот период се засиливме со Саит Битиќи. Се работи за квалитетен играч кој ни е од голема корист, брз и експлозивен напаѓач. Му фалат технички работи, но во Вардар е краток период и мислам дека во наредниот период ќе ги подобри и овие недостатоци и со него ќе бидеме уште поквалитетни. 

Немаше многу одмор за избраниците на Тодоорвски, кои само два дена пои завршување на првенството отпатуваа на силен меѓународен турнир на “пријателство“ во Бјелина. Таму одигравме три натпревари на кои забелажавме еден нерешен резултат и два порази.

-Учествувавме на силен меѓународен турнир во Бјелина, кој беше организациски организиран на високо ниво. Секоја чест за Саво Милошевиќ, Станишиќ и другите организатори на турнирот. Вакви турнири секоја екипа може само да посака. Се покажавме во добро издание, резултатски не поминавме најдобро, но играчки добивме пофалби од големите стручњаци и скаути што ги гледаа натпреварите. Проблемот е што за оваа годинаипол ова е прв ваков силен турнир на оваа генерација. Мислам дека многу почесто треба да настапуваме на вакви турнири, ако сакаме децата да напредуваат и конкурираат за место во првиот тим. Значи целта е да создаваме играчи за првиот тим на ФК Вардар, а тоа ќе го постигнеме со напорна работа, одигрување на квалитетни натпревари и учества на силни турнири. Се надевам дека некои играчи од оваа генерација за неколку години ќе “затропаат“ на вратата на првиот тим, изјави Сашо Тодоровски за Вардар Фнас.

Звонко Ивановски