Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преглед на сезоната за младинците на РК Вардар Јуниор
Преглед на сезоната за младинците на РК Вардар Јуниор

Преглед на сезоната за младинците на РК Вардар Јуниор

Младинците на РК Вардар Јуниор ја завршија натпреварувачката сезона 2015/16 на третото место, откако на завршниот турнир кој се одигра на Кале, во борбата за бронзениот медал беа подобри од екипата на Пролет 62. Претходно во полуфиналето, избраниците на Зоран Петковски беа поразени од тимот на Металург 2. Екипата од Автокоманда важеше за фаворит на почетокот на сезоната, со оглед на возраста и учеството во супер лигата. Екипите во младинската лига се натпреваруваа во две групи, а црвено-црните беа дел од групата 2, каде го освоија второто место после тимот на Пролет 62. Регуларниот дел од сезоната го завршивме со 8 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз.

Ова се сите постигнати резултати за оваа натпреварувачка сезона:

1 коло: Вардар Јуниор – ГРК Борец  39:18

2 коло: Вардар Јуниор - Пролет  62   22:22

3 коло: Радовиш – Вардар Јуниор  26:30

4 коло: Вардар Јуниор – Зомимак  32:20

5 коло: Металург - Вардар Јуниор 20:23

6 коло: ГРК Борец - Вардар Јуниор  30:32

7 коло: Пролет  62 – Вардар Јуниор 25:18

8 коло: Вардар Јуниор – Радовиш  46:35

9 коло: Зомимак - Вардар Јуниор  26:30

10 коло: Вардар Јуниор – Металург  32:23

1/2 Вардар Јуниор – Металург 2  24:34

3 место: Вардар – Преспа 29:27

Исто така учествувавме на силен меѓународен турнир во Белград, каде го освоивме одличното второ место во конкуренција на силни екипи. Во финалето бевме поразени од екипата на Дубрава. Беа забележани победи пртив еден Партизан, Трње и Земун, додека доживеавме пораз и во првото коло од тимот на Грачаница.

На турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ , избраниците на Зоран Петковски стигнаа до првото место, оправдувајќи ја фаворитската улога. Во финалето го победивме “братскиот“ тим на РК Вардар.