Викендов во Спортскиот центар “Јане Сандански„ се одгигра завршниот Ф-4 турнир во кошаркарска конкуренција за момци до 16 години. Учесник на истиот беше црвено-црниот тим, момците на Вардар успеаа да дојдат до најсјајниот медал на овој собир. KK Вардар е шампион во генерацијата М-16.
Во полуфиналето на “мегдан“ искочивме со домаќинот тимот на МЗТ Скопје, тим кој го добивме со 14 поена разлика. Ние обезбедивме финале со резултат 82-68. Во мечот за пехар се сретнавме со тимот на КК Феникс. Во едно динамино финале одигравме на ниво и дојдовме до победа за Пехар.
По триумфот во големото финале со резултат 71 : 65 ни беа доделени медалите. Покрај тимските признанија имавме награда и за МВП од нашите редови. Најкорисен играч на овој Ф-4 е вардарецот Павел Атанасов.