Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Чупиќ: Останувам во Вардар, тука се најдобрите навивачи на светот
Чупиќ: Останувам во Вардар, тука се најдобрите навивачи на светот

Чупиќ: Останувам во Вардар, тука се најдобрите навивачи на светот

Играчот кој тежи три Европски титули, од кои две со Вардар, златниот Иван Чупиќ. И во вчерашното финале ги постигна последните два гола и стави печат на победата на Вардар, кој повторно се искачи на врвот на Европа.

Хрватското десно крило не помислува за разделба со Вардар, вели дека во Скопје му е убаво и дека останува во клубот.

-Една убава приказна завршува на најдобар можен начин. Останувам во Вардар, каде би одел? Скопје е преубав град, тука се најдобрите навивачи на светот. Семејството ми е задоволно и среќно, вели Чупиќ.