Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Вардар треба да се стави во Уставот, постојано да биде спонзориран од државата
Вујовиќ: Вардар треба да се стави во Уставот, постојано да биде спонзориран од државата

Вујовиќ: Вардар треба да се стави во Уставот, постојано да биде спонзориран од државата

По вчерашната  втора титула на Вардар се израдуваа сите.  Еден од тренерите кој остави голем впечаток во црвено-црниот клуб Веселин Вујовиќ имаше порака по освоената титула. Популарниот Вујо изјави:

-Ова е феноменална порака до владата на Македонија, до градот Скопје. Тие во својот устав треба да стават дека Вардар треба постојано да биде спонзориран. Постојано сум во контакт со луѓето, со играчите и навивачите на Вардар. Можам да замислам како тие се чувствуваат, луѓето со кои повеќето нема да бидат заедно наредната сезона. Не се знае ни во каков формат ќе постои тој клуб и сепак успеаја да се издигнат над сето тоа и да станат прваци на Европа. Вардар не смее да исчезне.