Избраниците на Драги Димитровски , кугларите на Вардар се во Болцано во Италија. Тие таму ќе настапат на најголемиот европски предизвик во нивната млада историја. Вардарци ќе се сретнат со 14 најсилни европски екипи на “Светскиот куп“, собир кој е висококвалитетен турнир. Нивниот тренер г-н Драги во изјава за нашиот вардаров веб-сајт говори за подготовките кои претходеа на овој настан, во кои имаше мали измени на ростерот, турнир во Бања Лука и многу одработени часови во куглана, тој вели во продолжение:
Подготовките за сезонава идеа по зацртаната програма, тие се одвиваа во најдобар ред, бидејќи сите девет играчи ми се здравствено и физички одлични. Настапивме на силен турнир во Бања Лука – Босна и Херцеговина истиот беше од голема корист за нас во подготовките за светскиот куп, таму одигравме квалитетни мечеви. За ростерот со кој располагам можам да кажам дека е квалитетен, за разлика од лани голема е загубата на Јакимовски, но тоа е тоа. Новиот играч Митиќ затоа е тука да го замени него во екипата, и да не остануваме на осумнина вака сме девет што е добро за тимот, бидејќи сите ми се во натпреварувачка форма.
Зборуваме со кормиларот на вардарци Драги Димитровски, за очекувањето во Италија на големиот европски предизвик за неговите момци, но и за македонското кугларско дерби со домашниот конкурент во лигата екипата на КК Макпетрол. Дерби натпреварот е закажан веднаш по враќањето , на 15 октомври, тоа е дуел од првото коло во МКЛ.
Сите мои момци планирано е да одат за Болцано-Италија , за овој настан односно настапот на Светскиот куп неблагодарно е да се прогнозира. Сепак ние идеме сериозно да се надигруваме со сите големи играчи и противници. Сакам да постигнеме и очекувам што е можно подобар пласман, и да забележиме одлични лични резулатти на нашите момци. По настапот во Италија ни следи првото коло во македонската кугларска лига-МКЛ и дербито со Макпетрол. Секогаш оптимистички гледам на МКЛ, тешко ќе биде со Макпетрол кој е засилен со Јакимовски, сепак нема лесно да биде воопшто за нив на овој меч. Дефинитивно за овој меч треба спортска среќа на екипите, ќе се надигруваме и велам нека победи подобриот.
Михајло Тушевски