Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар победил на 8 од последните 10 средби со Силекс, одиме утре на нова победа
Вардар победил на 8 од последните 10 средби со Силекс, одиме утре на нова победа

Вардар победил на 8 од последните 10 средби со Силекс, одиме утре на нова победа

Црвено-црниот фудбалски колектив во рамки на деветтото коло, последно од првиот круг ќе одигра дуел со екипата на ФК Силекс од Кратово. Вардар по овој дуел ќе има одиграно точно една четвртина од првенството , кое годинава е четирикружно. Мечот е закажан за утре, недела втори октомври на Градскиот стадион во градот Кратово. Истиот според натпреварувачкиот календар на ФФМ ќе се игра со почеток од 15-00, главен судија на мечот ќе биде Јосип Бартон.

Избраниците на Гоце Седловски го дочекуваат овој меч по два неповолни исхода, односно две ремија нагости со Ренова и дома со Пелистер. Со што утрешниот меч добива поголема тежина и бодовите од истиот стануваат поважни за да се прекине негативната тенденција пред паузата во домашната лига поради репрезентативни термини. Вардар и квалитетно и квантитетно по бројот на освоени бодови е фаворит на овој незгоден дуел за нас. Во последните десет средби на црвено-црните и кратовчани дури осум победи  имаме ние, еден меч завршил реми, а впишавме и еден пораз во нив. Силекс има досега десет бода , а пак ние освоивме осум повеќе во првата лига, вардарци со само три примени гола по осум кола заедно со тетовска Ренова ги имаат двете најефикасни одбрани во лигата, апак со шеснаесете постигнати гола го имаме најефикасниот напад во домашното фудбалско првенство. Утре несомено идеме на триумф, за да се зацврстиме на врвот на табелата пред паузата, само храбро момци до нова радост.