Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар тргнува по втора победа во лигата на шампиони
Вардар тргнува по втора победа во лигата на шампиони

Вардар тргнува по втора победа во лигата на шампиони

Вардарци тргнуваат по втората победа во лигата на шампиони. Противник за избраниците на Раул Гонзалес ќе биде шампионот на Белорусија, екипата на Брест Мешков. Ние се наоѓаме во одлична форма забележувајќи седум последователни победи, од кои шест се во сеха и една во ЛШ и тоа онаа против Кристијанштад во првото коло. Интересен податок е тоа што екипата на Брест Мешков беше единствената екипа која успеа еднаш да не порази и да извади нерешен резултат. Во подготвителниот период, Белорусите триумфираа на турнирот “Белгазпромбанка“, додека во првото коло на сеха-лигата двете екипи одиграа со нерешен резултат во Скопје. ова е уште една голема причина да славиме на денешниот натпревар.

Освен Владо Недановски кој е под знак прашалник за овој напревар, останатиот ростер е на располагање на тренерот Гонзалес за овој меч. Брест Мешков го загуби првиот натпревар во лигата на шампиони, против актуелниот европски првак, екипата на Киелце. Интересно Белорусите имаа предност од три голови разлика во првото полувреме, која не успеаа да ја зачуваат до крајот. Сепак одиграа одличен натпревар во кој до последните моменти се носеа со тимот на Киелце. Брест има одлична екипа, во која најголема опасност за нашиот гол се Атман, Стојковиќ, Џамали, Кристопанс, како и голманот Пешиќ. Се работи за незгоден противник, кој негува цврст ракомет.

Пред овој натпревар од клубот напоменуваат за претпазлив пристап и игра, без оглед што се наоѓаме во долга победничка серија. Мора да одиграме сконцентрирано во текот на сите 60 минути и предвреме да направиме резултат, кој би не носел во помирна завршница. Дојдете денес во Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот да ги бодриме нашите момци и да прославиме нова победа.