Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити му се потребни на Вардар за денешниот меч во лигата на шампиони
Комити му се потребни на Вардар за денешниот меч во лигата на шампиони

Комити му се потребни на Вардар за денешниот меч во лигата на шампиони

Црвено-црните денес со почеток од 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански ќе го одиграат вториот натпревар во лигата на шампионите, а прв пред својата публика. Противник ни е екипата на Брест Мешков од Белорусија. Вардарци одлично ја стартуваа новата сезона и во сеха-лигата, каде веќе имаат забележано шест победи и само еден нерешен резултат и тоа токму против денешниот противник. Радува добрата форма и игра на нашиот ракометен шампион кој покажува разновиден ракомет. Сепак нешто недостасуваше на натпреварите на Вардар кои се играа во арената Јане Сандански.

Она што е симбол и обележје на клубот се нивните навивачи, популарните Комити кои сезонава сеуште се немаат појавено како група на мечевите на РК Вардар. Неможе да се замисли битка на екипата без своите најверни Комити, кои се незаменлив дел од тимот и посебен белег во историјата на клубот. Стана како незаменлива навика да ги гледаме на натпреварите на кои настапуваат ракометарите на Вардар. Избраниците на Гонзалес играат атрактивен ракомет оваа сезона. Сепак она најважното недостасува, на трибината ја нема најдобрата навивачка група, која според многу противнички играчи се смета за најдобра во Европа. Со нетрпение очекуваме Комити да згрмат од својата трибина и да потсетат на своите најдобри денови. На прес-конференцијата пред денешниот меч, капитенот Стоилов изјави дека очекува навивачите да се вратат во салата и да им дадат поддршка за овој дуел со Брест Мешков. Се надеваме дека ќе се чуе повторно нивниот глас и песна, која ќе го води нивниот миленик кон нов триумф.