Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар загубија од Работнички
Кадетите на ФК Вардар загубија од Работнички

Кадетите на ФК Вардар загубија од Работнички

Денеска во 10 часот на теренот покрај СЦ. ”Јане Сандански”, одигран беше дуел од кадетската лига помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Работнички. Овој натпревар заврши со победа на Работнички со резултат 1:2 (1:1)
Стартните 11-мина на овој дуел за нашиот тим беа: Зибери, Јордановски, Серафимов, Насковски, Дишлиевски, Скендерски, Кировски, Малески, Петревски, Трајчевски и Стоименов. 

Првата голема прилика за Вардар ја имеше Дејан Стоименов. Гооол за Вардар. Трајчевски акција од десната страна, нафрли Стоименов, топката стигна до Трајчевски кој погодоци за водство. Одма потоа следуваше и гол за Работнички. Слободен удар изведе Марио Станковски од 15-сетина метри, кој прецизно биеше од слободен удар за 1-1. Потоа се обиде Оливер Дишлиевски кој бие покрај голот, топката ја зафати еден од противничките играчи и излезе во корнер. Во продолжение од натпреварот се играше се играше главно на средината на теренот, со блага иницијатива на нашиот тим но без погод. Потоа Петрески Дамјан нафрли од левата страна, топката стигна до Димевски кој биеше со глава покрај голот. Голема шанса за Вардар, Трајчевски нафрли од корнер, Кировски биеше со глава, но за малку покрај голот на Работнички. Првиот дел  заврши со резултат 1:1.kirovski-vardarfans

Во вториот дел Работнички се закани на два наврати кон голот на Зибери, но и двата удари беа упатени млако кон нашиот гол. Гол за Работнички. Кочев Стојче со прецизен удар од 15-сетина метри го донесе Работнички во водство. Вардарци се обидуваа да дојдат до својата игра во продолжението од натпреварот, но многу тешко им одеше играта денеска на нашите момци кои делуваа многу индиспонирано. Следуваше уште една опасна акција на Работнички. Станковски со глава биеше но за малку крај голот на Зибери. Трајчевски потоа одличен удар со глава, но неговиот удар во последен момент беше изблокиран. Потоа следуваше уште една одлична шанса за Вардар. Трајчевски изведе корнер, со глава биеше Серафимов кој не успеа со глава да ја смести топката во мрежата на гостинот. Уште една одлична шанса за Вардар. Трајчевски биеше ниско по земја, но голманот на Работнички го одбрани овој удар. Тренерот Колев се обидуваше со измени да донесе свежина во играта на нашиот тим, но новите играчи не донесоа голема новост во играта. Крај на натпреварот победа за Работнички.