Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар до врв ја наполнија мрежата на Кромак во деби мечот сезонава во првенството
Пионерите на РК Вардар до врв ја наполнија мрежата на Кромак во деби мечот сезонава во првенството

Пионерите на РК Вардар до врв ја наполнија мрежата на Кромак во деби мечот сезонава во првенството

 Денес во СЦ “Кале“ својот прв деби меч во лигата го одиграа пионерите на ракометниот клуб Вардар. Избраниците на Андријана Будимир се сретнаа со екипата на РК Кромак од Тетово, во овој дуел ние успеавме високо да триумфираме со резултат 35-7 (16-6). Посебно доминиравме во вториот дел кога противникот постигна само еден гол , а ние успеавем да погодиме 19 пати.

Мечот почна со целосна доминација на црвено-црните пионери , младите момци на Вардар играа цврста одбрана, голманите беа на ниво, а гостите очајни неможеа да погодат во првите десет напади воопшто. Ние тоа го искористивме и поведовме со 7-0. Конечно следуваа минути на тетовчани кои успеаа да погодат двапати за две минути, а примија еден гол со што намалија на 8-2 резулат што им даваше надеж дека ќе се вратат во мечот. Будимир во игра ја уфрли клупата, направи неколку ротации за да го задржи ритамот на овој дуел. Во следните пет минути се играше рамноправно двата тима погодија по двапати резултатот на семафорот во Кале беше 10-4. Следуваше црвено-црна офанзива нашите момци повторно влегоа во ритам и серија, следеше серија од 6-1 со која на само 1 минута до крајот на првиот период од 20 минути колку што се игра во оваа категорија поведовме со 16-5. Гостите од Тетово во својот последен напад намалија со гол, со што се замина на полувреме со резулат 16-6.

yy2

Вториот дел беше приказна засебе почетокот далеку пожесток од првиот дел, постигнавме десет гола а непримивме ниту еден со што поведовме во средината на полувремето со високи 26-6, и отидовме на “дваесет плус“. Гостите неуспеваа и понатака да ја скршат нашата одбрана , имаа седмерец кој не го погодија. Следуваше сурова казна за нивното промашување нова серија во нивната мрежа. Вардарци најчесто головите ги постигнуваа од контра напади по одлична игра во одбраната, тренерот Будимир одлично го имаше усовршено системот на транзиција од одбрана во брз контранапад на екипата. Новата серија 4-0 ни донесе водство од 30-6. Конечно после овој резултат гостите од тимот на Кромак успеаа да дадат почесен гол во второто полувреме за 30-7, што покасно ќе се покаже како и последен за нив на овој пионерски дуел. Докрајот нашите момци само ја довршија задачата постигнаа уште пет гола, и мечот го завршија со резулат 35-7. Навистина одличен старт на пионерскиот вардаров состав на првенството, не е мала работа да се дадат 35 гола за време од 40 минути активен ракомет. Најистакнат стрелец кај нас беше Димитриевски со седум погодоци.

yy3

РК Вардар-Ангеловски, Зафировски, Павловски-1, Танев , Трајановски-3, Савревски-4, Грујовски-2, Србиновски-4, Димчевски-2, Димитроевски-7, Мишевски-1, Жереновски-4, Мирчевски, Трајчевски-4, Петков, Чакалиќ-3.

Тренер : Будимир Адријана