Утре шампионот на Македонија, тимот на РК Вардар, ќе го одигра и вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. По успешно отворената сезона, и победата на гости против тимот на Кристијанштад, следен на ”менито” на нашиот тим е добро познатата екипа на Брест Мешков од Белорусија.
Белорусите ни се многу добро позната екипата. Иако е сам старт на новата сезона, сепак овие два тима досега се судрија на два наврати. Најпрвин, нашиот тим беше поразен на контролен натпревар, а потоа во СЕХА лигата овие два тима одиграа нерешено. Но, тоа беа други натпреварувања, целиот фокус нашиот тим и оваа сезона го насочува на ЛШ.
Брест сезоната ја отвори лошо. На првиот натпревар за нив, против тимот на Кјелце, на домашен терен загубија со пет голови разлика. Најдобри поединци на тој натпревар во домашниот тим беа: Стојковиќ со шест, Кристопанс со четири и Шиловиќ исто така со четири погодоци.
Дојдете утре во СЦ. ”Јане Сандански” да навиваме за нашите момци во походот кон нова победа, и 100% учинок по две одиграни кола во ЛШ.