Вардаровите ракометни пионери кој воедно се најмладата машка селекција на црвено-црните кои се натпреваруваат во системот на РФМ утре стартуваат со првенството. Оваа ракометна генерација на ракометниот клуб Вардар предводена е од клупата од одличниот ракометен педагог Андријана Будимир. Тие во првото коло се домаќини на екипата на Кромак , натпреварот ќе се одигра во утре, сабота во 11-00 часот во СЦ Кале.
Минатиот викенд , поточно во саботата во Кале своите први кола ги одиграа двете женски кадетски екипи. Екипата на Вардар и на Вардар СЦЈС остварија две убедливи победи во првото деби коло сезонава во женската кадетска македонска лига. Овие две екипи ги очекува утре второто коло во лигата. Екипата на Вардар СЦЈС утре игра меч со екипата на Пелистер од Битола, мечот ќе се игра во 13-00 часот во салата “Младост“. Тие во првото коло се сретнаа врсничките од Стружанка, во тој дуел девојките на Анжела Платон и Александара Кузмановска триумфираа со 25-11. Втората кадетска екипа на ЖРК Вардар утре ќе одигра дерби во лигата, во истото ќе ја пречека екипата на ЖРК Металург. Мечот ќе се игра во спортско рекреативниот центар “Кале“, овој дуел е закажан со почеток во 13-00 часот . Избраничките на Драгана Пецевска екипата на Вардар со 33-12 го победи тимот на Вардар Неготино во мечот од првото коло.